Соња Трифуновска од ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово доби признание за најдобра наставничка во одделенската настава.
Едно признание е доделено постхумно.
Соња Трифуновска од ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово е прогласена за една од најдобрите наставнички во одделенската настава за учебната 2025-2026 година. Признанието е дел од наградите што Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници ги доделија на 13 просветни работници по повод 5 Октомври, Светскиот ден на учителите.
Меѓу наградените има просветни работници од предучилишното, основното и средното образование, а едно признание е доделено постхумно.
Признанијата ги врачија министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателката на Сојузот, Жаклина Ристовска. Според Јаневска, Сојузот ги избрал добитниците врз основа на нивните резултати, признанија, награди и посветена работа во изминатата учебна година.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.