На работилницата учениците преку дискусии, групна работа и драматизација на ситуации разговараа за препознавање и спречување насилство, неговите последици, меѓусебната почит и ненасилната комуникација.
Планирано е врсничките едукатори да ги пренесуваат стекнатите знаења и вештини на соучениците преку врсничка едукација. Работилницата ја реализираа училишниот координатор на проектот Соња Трифуновска, педагогот Зоран Јовановски и помошник-директорката Сермијете Идризи.
Проектот го реализираат Коалиција СЕГА, МЦГО, СмартАп и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, со поддршка на Детската фондација „Песталоци“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.