Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Автомобил удрил 31-годишен пешак на улицата „29 Ноември“ во Тетово, кој се здобил со тешки телесни повреди.
Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.
Автомобил удрил 31-годишен пешак на улицата „29 Ноември“ во Тетово, кој се здобил со тешки телесни повреди. Несреќата се случила на 11 ноември во 17:50 часот.
Во пешакот удрило патничко возило „фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 69-годишен жител на Тетово. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.