Фотографија објавена на јавниот профил на Билал Касами
Учениците од „Реџеп Вока“ разговараа со Касами за општинската работа.
Во разговорот беа разменети прашања, мислења и идеи за заедницата.
Ученици од основното училиште „Реџеп Вока“ од село Шипковица денес разговараа со градоначалникот на Тетово, Билал Касами, за работата на Општината и за улогата на градоначалникот.
За време на посетата, учениците и Касами разменуваа мислења, прашања и идеи за заедницата.
На посетата присуствуваа и наставници. Касами им се заблагодари ним и на учениците за посетата и за покажаниот интерес.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.