Најважно
Тетово -2°
Најважно
Редакција: Тетово.мкИспрати тема

Мени на Тетово.мк

Редакција:Тетово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Со промоција на албанските народни игри во Џепчиште почнаа ноемвриските празнувања

Фотографија објавена на јавниот профил на Билал Касами
Фотографија објавена на јавниот профил на Билал Касами

Со манифестација за промоција на традиционалните албански народни игри денеска во основното училиште Ѓерѓ Кастриоти Скендербег во Џепчиште почнаа ноемвриските празнувања од програмата Ноември во Тетово.

Училиштето беше и партнер во организацијата на манифестацијата, во соработка со Општина Тетово за ноемвриските празнувања.

Настанот беше посветен на културните вредности, традициите и наследството што се пренесуваат од генерација на генерација. Меѓу публиката имаше деца и возрасни.

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, порача дека зачувувањето и промовирањето на албанските традиции е заедничка одговорност. Според него, нивното пренесување на младите генерации е гаранција дека ќе опстојуваат и во иднина.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.