Целосно е пробиена и тампонирана трасата меѓу Јанчиште и Ротинце.
Поставени се одводни цевки за заштита на патот од атмосферски води.
Земјоделскиот пат меѓу селата Јанчиште и Ротинце е целосно пробиен и тампониран. Работите се изведени со цел да се олесни пристапот до земјоделските површини и да се подобрат условите за работа.
Покрај уредувањето на трасата, поставени се и одводни цевки за заштита на патот од атмосферски води. Нивната намена е да овозможат безбедно движење на земјоделската механизација во текот на целата година.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.