Извор на фотографијата: Министерство за внатрешни работи
Полицијата го привела 31-годишникот вчера во 13:30 часот по судска наредба.
Казната е за дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик.
Полицијата вчера по судска наредба го привела М.Б. (31) од тетовското село Челопек. Тој е спроведен во тетовскиот затвор на издржување казна од една година.
М.Б. го привеле во 13:30 часот полицајци од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР. Казната му е изречена за кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.