Полицаец од Отсекот за превенција и виш инспектор од СВР Тетово преку презентација и разговор им објаснија на учениците што се подразбира под мало, лесно и ладно оружје и кога предмет што служи како алат на јавно место се смета за ладно оружје.
Со учениците разговарале и за притисокот од врсниците, влијанието на социјалните мрежи и заблудата дека носењето оружје е начин на самоодбрана. Биле разгледани и повредите што може да ги предизвика оружјето, како и психолошките трауми кај жртвите и сведоците.
Предавачите ги објасниле одредбите од Законот за оружје и членот 396 од Кривичниот законик, како и кривичната одговорност на малолетниците со навршени 14 години и одговорноста на родителите и старателите. Целта била учениците да ги разберат законските, здравствените и социјалните последици од поседување и злоупотреба на оружје и да се спречи насилство.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.