Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Полицијата го приведе тетовецот на улицата „Крушевачка“ по судска наредба.
Казната од три години и шест месеци ќе ја издржува во Идризово.
Полицајци од СВР Тетово вчера го приведоа С.Д. (25) од Тетово. Тој е спроведен во затворот Идризово за да издржи казна од три години и шест месеци.
Полицајците го приведоа во 18:10 часот на улицата „Крушевачка“ во Тетово. С.Д. бил баран по судска наредба за издржување на казната, изречена за кривично дело по член 188 став 5 од Кривичниот законик.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.