Љука пишува за она што го доживеале Албанците кои српските сили насилно ги протерале во 1999 година. Тетовскиот Центар за култура ја оцени книгата како значајно историско сведоштво за нивните страдања и за колективното сеќавање на Албанците на таа година.
Книгата ја претставија д-р Парим Косова и д-р Ќерим Лита, а промоцијата ја водеше Али Садику. Настанот го организираа скопската хуманитарна организација Ел Хилал и приштинското Здружение за враќање на Албанците протерани од нивните огништа, под покровителство на Општина Тетово.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.