Фотографија објавена на јавниот профил на Фети Абази
Вејсели е долгогодишен наставник во училиштето што ќе го води.
Именувањето следува по завршувањето на мандатот на досегашната директорка.
Градоначалникот на Боговиње, Фети Абази, денеска го именува Јусуф Вејсели за вршител на должноста директор на основното училиште „Дервиш Цара“ во Палчиште, каде што Вејсели со години работи како наставник.
Вејсели ја презема должноста по завршувањето на мандатот на досегашната директорка. Абази ѝ се заблагодари за нејзиниот придонес и рече дека верува оти Вејсели ќе продолжи посветено да работи за училиштето, учениците и наставниот кадар.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.