Фотографија објавена на јавниот профил на ЈКП Шари Тетово / NPK Sharri Tetovë
ЈКП „Шар“ најави активирање нов бунар во близина на „Тетовчанка“.
Целта е подобро водоснабдување и постабилен притисок во мрежата.
ЈКП „Шар“ – Тетово најави ставање во функција на нов бунар во близина на „Тетовчанка“, поради зачестените прекини во водоснабдувањето во овој реон.
Станува збор за реонот кај улицата „Благоја Тоска“ во Тетово. Активирањето на бунарот има цел да го подобри снабдувањето со вода и да придонесе за стабилизирање на притисокот во водоводната мрежа.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.