Фотографија објавена на јавниот профил на Shkolla fillore komunale "Liria" Zherovjan
Со првачињата празнуваше и нивната наставничка Мируше Алити.
На клупите имаше црвени прекривки со црн двоглав орел.
Облечени претежно во црвено и црно, првачињата од основното училиште „Лириа“ во Жеровјане, општина Боговиње, ги одбележаа ноемвриските празници заедно со наставничката Мируше Алити.
Во училницата, на клупите имаше црвени прекривки со црн двоглав орел, а меѓу нив црвени и црни балони. Децата застанаа зад клупите, а неколкумина ги прекрстија рацете на градите. Училиштето го опиша празнувањето како израз на љубов кон албанското знаме и на национална гордост.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.