Предавањата ги опфатиле условите за стекнување право на полагање возачки испит, како и обврските и одговорностите што ги носи учеството во сообраќајот како возач.
Активноста била спроведена во четири средни училишта во Тетово, Пробиштип и Гевгелија. Покрај двете тетовски училишта, биле вклучени и СОУ „Наум Наумовски – Борче“ во Пробиштип и ОСУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.
Превентивно-едукативните предавања ги организирал Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со МВР и ОСБСП, како дел од кампањата „Учам – Полагам – Возам“. Кампањата повикува на одговорно возење и посебно предупредува да не се користи мобилен телефон зад воланот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.