Фотографија објавена на јавниот профил на Даут Мемиши
Ученици од четврто одделение ја посетија Општина Теарце.
Со градоначалникот разговараа за општинските надлежности и носењето одлуки.
Ученици од четврто одделение вчера ја посетија Општина Теарце и со градоначалникот Даут Мемиши разговараа за начинот на кој се носат одлуките во служба на граѓаните.
Посетата беше дел од практичното запознавање со локалната самоуправа. Во разговорот беа опфатени и функционирањето на Општината и нејзините надлежности.
Мемиши изрази задоволство од интересот и љубопитноста што ги покажале децата при посетата.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.