Средбата во Старо Село ќе почне во 18 часот во основното училиште. Во Рогачево жителите ќе можат да ги изнесат своите предлози еден час подоцна, во 19 часот, исто така во селското основно училиште.
Костадиноски рече дека, како и секоја година, идеите на жителите се земаат предвид при планирањето на развојот на населените места. За средбите во другите населени места во општината термините ќе бидат објавени дополнително.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.