Најважно
Тетово -2°
Најважно
Редакција: Тетово.мкИспрати тема

Мени на Тетово.мк

Редакција:Тетово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Акција за сигурносни појаси на наплатната станица Желино

Фотографија од настанот · Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата
Фотографија од настанот · Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата
  • На наплатната станица Желино, во Тетово, на возачите им беа поделени флаери за користење сигурносен појас.
  • Акцијата беше дел од кампањата „Стави појас“.

РСБСП и полициски службеници од СВР Тетово делеа едукативни флаери за значењето на сигурносниот појас на наплатната станица Желино.

Активноста со возачи и патници кај наплатната станица во Желино беше дел од кампањата „Стави појас“. Таа е дел од превентивно-едукативните активности што Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги спроведе и со средношколци во две училишта во Скопје, во рамките на кампањите „Стави појас“ и „Учам – Полагам – Возам“. Во скопските училишта учествувало Одделението за превенција при СВР Скопје.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.