Дуелот беше одложен за денеска за фудбалерите да добијат време да закрепнат по загубата. Од обѕир кон тимот беше откажана и вообичаената прес-конференција пред натпреварот.
Шкендија првпат игра првенствен натпревар како домаќин на арената „Тодор Проески“. Стадионот во Тетово се реконструира, а по настапите на теренот на ФФМ и во Гостивар, за овој дуел е избрана арената поради подобрите услови за игра.
Со победа над Силекс, Шкендија сака да се врати на второто место и да остане во чекор со Струга ТЛ, која ја совлада Брегалница. Првиот дуел со Силекс, одигран во Кратово, тетовци го добија со 2:0. За главен судија на денешниот натпревар е одреден Димитар Пилешков.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.